Општина Кратово го одбележа Денот на првото ослободување на градот (25 април), ден кога во 1944 година, граѓаните на Кратово за прв пат ја видоа слободата. Иако слободота траеше само еден ден, сепак овој датум е историски многу значаен за нашиот град од воен аспект и истиот го најави крајот на окупацијата од бугарските фашисти.
По тој повод се одржа традиционално одбележување на овој значаен историски ден во оранизација на Сојузот на борци на НОБ и граѓани продолжувачи – Кратово со подршка на Општина Кратово, со одавање на почит на паднатите борци и со полагање на цвеќе на спомен биститие на Јове Гичев, Тошо Куковски и на спомен – костурницата во градот, по што за присутните лица беа почестени со скромен коктел.