OДБЕЛЕЖАНИ 110 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА ЈОСИФ ДАСКАЛОВ
На 3 јуни 2019г. (понеделник) во Музеј на град Кратово со почеток во 12ч. се одбележа 110 годишнината од смртта на Јосиф Даскалов.
Настанот се одржа во соработка со Музеј на град Кратово и Сојузот на борци на НОБ и граѓани продолжувачи – Кратово. На истиот зедоа учество и за величината и значењето на Јосиф Даскалов пред присутните говореа Ива Зарева (ученичка во 8 одделение во ООУ „Кочо Рацин“ – Кратово), м-р Илија Митевски (директор на Музеј на град Кратово) и Миле Марковски (пензиониран професор по историја и претседател на Сојузот на борци на НОБ и граѓани продолжувачи – Кратово).
По одржаните говори, присутните го проследија краткометражниот филм за Јосиф Даскалов од серијалот „Тврдокорни“, во продукција на МТВ.
Јосиф Даскалов (1868, Кратово – 1909, Подрум Кале, Турција) е македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и раководител на Македонската револуционерна организација.