С О О П Ш Т Е Н И Е за авионско третирање против комарци

С О О П Ш Т Е Н И Е

            Општина Кратово Ве информира дека на ден 29.06.2019 година (сабота) со почеток од 05.00 часот до 08.00 часот ќе се спроведе авионско третирање против комарци во 2019 година на територијата на општина Кратово.

            Со третирањето ќе биде опфатено течението на Кратовска река од с.Кетеново нагоре и целото градско подрачје.

            Се известуваат пчеларите дека во времето на третирање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците-сандаците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.

Во случај на врнежи, прскањето ќе биде одложено за наредниот ден.

Scroll to Top