Решение за свикување на 34 седница на Совет на општина Кратово

Врз основа на член 39 став 1 и 2 и член 48 став 1 од Законот за локална самоуправа („Службен Весник на РМ“ бр.5/2002), а согласно 25 од Статутот на општина Кратово и член 35 од Деловникот на Советот на општина Кратово, донесувам

РЕШЕНИЕ

за свикување на 34-та седница на советот на општина Кратово

Ја свикувам 34 седница на Советот на општина Кратово која ќе се оддржи на ден 29.08.2019 година (четврток) во салата за седници на Советот на општина Кратово со почеток во 11 часот. За седницата го предлагам следниот:

ДНЕВЕН РЕД

  1. Предлог – Одлука за избор на Командир на Полициската станица од општа надлежност Кратово;
  2. Предлог – Одлука за утврдување на бесправен објект за кој не може да се изврши усогласување нанамените за кп 2844/1 и кп 3592, КО Трновац, општина Кратово;
  3. Предлог – Одлука за утврдување на бесправен објект за кој не може да се изврши усогласување нанамените за кп 2844/1 КО Трновац, општина Кратово;
  4. Предлог – Одлука за утврдување на бесправен објект за кој не може да се изврши усогласување нанамените за кп 2575 КО Куклица, општина Кратово;
  5. Предлог – Одлука за утврдување на бесправен објект за кој не може да се изврши усогласување нанамените за кп 2608 КО Трновац, општина Кратово;
  6. Предлог – Одлука за утврдување на бесправен објект за кој не може да се изврши усогласување нанамените за кп 656/4 КО Кетеново, општина Кратово;
  7. Предлог – Одлука за утврдување на бесправен објект за кој не може да се изврши усогласување нанамените за кп 2882, кп 3569, кп 3570 и кп 3572 КО Кетеново, општина Кратово;
  8. Предлог – Одлука за утврдување на бесправен објект за кој не може да се изврши усогласување нанамените за кп 2578 КО Куклица, општина Кратово;
  9. Предлог – Одлука за утврдување на бесправен објект за кој не може да се изврши усогласување нанамените за кп 3572 КО Трновац, општина Кратово;
  10. Предлог – Одлука за дополнување на Годишната Програма за изработка за урбанистички планови, урбанистичко – планска документација и урбанистичко – проектна документација на општина Кратово за 2019 година;
  11. Предлог – Одлука за прифаќање на предлог за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Крива Паланка и Општина Кратово;
  12. Предлог – Решение за именување на членови на заедничката комисија за подготовка на предлог актот за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Крива Паланка и Општина Кратово;
  13. Предлог – Одлуки за доделување на помош од Буџетот на општина Кратово;
  14. Прашања и предлози.

На седницата е поканет и Градоначалникот на општина Кратово и раководителите на јавни претпријатија, установи и органи на управата на локалната самоуправа одговорни за својата работа пред Советот на општина Кратово.

Се изветсуваат поканетите службени лица за задолжително присаство на седницата на Советот.

Претседател

на Совет на општина Кратово

Ранко Арсов

Scroll to Top