Дневен ред за Дваесет и деветтата седница на Советот на општина Кратово

Врз основа на член 39 став 1 и 2 и член 48 став 1 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на РМ“ бр. 5/2002), а согласно член 25 од Статутот на општина Кратово и член 35 од Деловникот на Советот на општина Кратово, донесувам

РЕШЕНИЕ

за свикување на дваесет и деветтата седница на Советот на општина Кратово

Ја свикувам дваесет и деветтата седница на Советот на општина Кратово која ќе се одржи на ден 30.10.2015 година (петок) во салата за седници на Советот на општина Кратово, со почеток во 13 часот. За седницата го предлагам следниот

ДНЕВЕН РЕД

– Предлог – Записник од дваесет и осмата седница на Советот на општина Кратово одржана на ден 30.09.2015 година;

1.     Квартален извештај со Предлог – Одлука за усвојување на Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Кратово за третиот квартал од 2015 година;

2.     Фискална стратегија со Предлог – Одлука за усвојување на Фискална стратегија на Општина Кратово за период 2016 – 2018 година;

3.      Предлог – Планови на Програми за развој со Предлог – Одлука за усвојување на Плановите на Програмите за развој на општина Кратово;

4.     Предлог – Програма со Предлог – Одлука за усвојување на Програма за активностите на Општина Кратово од областа на културата за 2016 година;

5.     Предлог – Програма со Предлог – Одлука за усвојување на Програма за поддршка на спортски активности во Општина Кратово за 2016 година;

6.     Предлог – Програма со Предлог – Одлука за усвојување на програма за активностите на Општина Кратово во областа на здравството и социјалната заштита за 2016 година;

7.     Предлог – Одлука за утврдување на услови за начинот на градење во село Живалево општина Кратово за кое нема урбанистички план;

8.     Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко – планска документација со која ќе се изврши проширување на плански опфат и вклопување на објектите на кп 877 КО Нежилово, кп 2353 КО Страцин, кп 509 КО Туралево и кп 2933 КО Кратово;

9.     Предлог – Одлука за утврдување на Нацрт Детален урбанистички план за дел од Урбанистичке единица „1“, дел од блок 2 – Кратово;

10.   Предлог – Одлука за изменување на Одлуката за авто – такси превоз на патници и начин, постапка и услови за издавање на лиценци за линиски и авто-такси превоз на патници во општина Кратово;

11.   Прашања и предлози

На седницата е поканет Градоначалникот на општина Кратово и Раководителите на јавни претпријатија, установи и органи на управата на Локалната самоуправа одговорни за својата работе пред Советот на Општина Кратово.

Се известуваат поканетите службени лица за задолжително присуство на седницата на Советот.

Претседател на

Совет на општина Кратово

Сашо Ѓеоргиевски

facebooktwittergoogle_pluslinkedin