ЈАВЕН ПОВИК за доставување на иницијативи за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Кратово за 2019 година

Врз основа на член 21 од Законот за Просторно и урбанистичко планирање(Сл.весник на Р.М.бр.199/14,44/15,193/15,31/16,163/16 ,64/18 и 168/18),Градоначалникот на општина Кратово ги известува правните и физичките лица дека се распишува

ЈАВЕН ПОВИК

 за доставување на иницијативи за изработка на урбанистички планови на територијата

на општина Кратово за 2019 година

 

Јавниот повик се распишува согласно член 21од Законот за Просторно и урбанистичко планирање(Службен весник на Република Македонија бр.199/14,44/15,193/15,31/16,163/16, 64/18 и 168/18) во третиот квартал од 2019 година.

Во период од 30 дена сите заинтересирани правни и физички лица можат да достават иницијативи за изработка на урбанистички планови од членот 7 став 1 точка 2 алинеи 2, 3 и 4 од Законот за Просторно и урбанистичко планирање.

Предмет на иницијатива може да биде донесување на нов урбанистички план,изменување и дополнување на постоечки урбанистички план за конкретен предлог од подносителот на иницијативата.

Јавниот повик ќе трае од 29.08.2019 до 29.09.2019 година сметано од објавата во дневниот весник Нова Македонија.

Јавниот повик ќе биде објавен и на веб страната на општина Кратово,на огласна табла на општината,во информацискиот систем е-урбанизам и преку објава во службеното гласило  на општина Кратово.

Заинтересираните правни и физички лица иницијативите можат да ги достават во писмена форма во архивата на општина Кратово,или во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам во определениот рок.

За сите прифатени иницијативи подносителите ќе бидат информирани во писмена форма или во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам во рок од 15 дена од истекот на рокот за поднесување на иницијативите.

Прифатените иницијативи од Јавниот повик ќе бидат вградени во Програмата за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Кратово за 2019 година.

Средствата за прифатените иницијативи за изготвување на потребната документација треба да ги обезбедат подносителите на иницијативите,правните односно физичките лица.

                                                                                 Градоначалник

                                                                            д-р Љупчо Бојаџиев

Јавен повик-2019

facebooktwittergoogle_pluslinkedin