Дела од ликовната колонија Карпино на изложба во Кратово

Во ликовниот салон на Музеј на град Кратово на ден 06.09.2019 година (петок) со почеток од 12.30 часот ќе биде  отворена изложба на  дела создадени на 16. Меѓународна ликовна колонија „Карпино 2018“ – Куманово.

Ќе бидат претставени 30-ина слики изработени во техника акрил на платно и масло на платно, од 14 автори од Македонија и од странство.

Музеј на град Кратово ја организира изложбата во соработка со Центарот за култура „Трајко Прокопиев” од Куманово, а по повод Ослободување на град Кратово.

poster-karpino

Scroll to Top