10 невработени лица се ангажирани за општинско-корисна работа 2019

Креирањето услуги во функција на поединецот претставува нов, модерен, иновативен и интерактивен модел за дизајнирање решенија, услуги или производи согласно потребите на поединецот, а реализиран преку соработка со неколку партнери во општината.

Програмата Општинско-корисна работа е дел од Проектот „Креирање можности за работа за сите“ и поддршка на Владата во спроведување на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на труд за 2019 година. Програмата Општинско корисна работа е финансирана од страна на АВРСМ (Агенција за вработување на РСМ) и UNDP.

За проектот е аплицирано од страна на Општина Кратово и истиот на ден 02.09.2019г почна да се реализира. Ангажирани се 10 невработени лица, активни баратели на работа во Центар за вработување Кратово од следниве категории: долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција на АВРСМ); млади невработени лица до 29 години, евидентирани во АВРСМ; лица корисници на социјална помош или на паричен надоместок по основ на невработеност; самохрани родители; родители на деца со пречки во развојот.

Проектот „Нов Пријател “ е составен од негуватели стари и изнемоштени лица. Истата има за цел на старите лица во домашни услови да се им пружи психолошка и социјална поддршка како и помош при извршување на секојдневни обврски, а за истата се ангажирани 8 лица од кои 2 негуватели целосно ќе ги исплаќа општина Кратово.

Во проектна идеја беше одобрена и целната група со еден образовен асистент на ученик со попреченост кој е вклучен во редовното инклузивно образование во ООУ „Кочо Рацин“ Кратово, на кој се пружа поддршка и воедно се овозможува вистинска инклузија во образовниот процес преку асистирана помош во текот на наставниот час.

Третата одобрена позиција е негувател во детска градинка, за згрижување, престој, нега, исхрана, организирање и реализирање на повеќе активности, воспитно – образовни, спортско – рекреативно, културно – забавни и други активности.

Од страна на УНДП, обезбедени се средства за ангажирање на лицата во висина од 410.400,00 денари, додека придонесот на општината изнесува 210.600.00 денари.

index

Scroll to Top