Одбележан 6 Септември – Ден на ослободување на Кратово

Одбележан  6 Септември – Ден на ослободување на Кратово

Општина Кратово го одбележа 6 СептемвриДен на конечното ослободување на градот од окупаторот во Втората светска војна.

Одбележувањето на овој значаен историски ден за градот започна со оддавање почит на паднатите борци и полагање на свежо цвеќе на спомен биститие на Јове Гичев, Тошо Куковски и на спомен – костурницата во градот. Овој чин беше организиран од Сојузот на борци на НОБ и граѓани продолжувачи – Кратово со подршка на Општина Кратово, а на истиот присуствуваа претставници од Здружението на армиски и полициски ветерани од Куманово.

По повод овој ден, Домот на културата „Лазар Софијанов“ во Кратово ја отвори традиционалната изложба на ликовни дела создадени во рамки на Меѓународната детска ликовна колонија „Лазар Софијанов“, која во јуни 2019г. се одржа по 26ти пат.

Одбележувањето на историскиот ден за Кратово заврши во Музеј на град Кратово со отварање на изложба на уметнички дела од ликовната колонија „Карпино 2018“, по што за присутните беше органзиран свечен коктел.

 

facebooktwittergoogle_pluslinkedin