Изложба на архитектонски нацрти „Еднакво пристапен простор за сите“

Изложба на архитектонски нацрти „Еднакво пристапен простор за сите“

Во периодот од 20 – 24 септември 2019 година, Општина Кратово ги реализира активностите од проектот „Денови на архитектурата во Кратово“.

По тој повод во Кратово се одржува работилница „Еднакво пристапен простор за сите“, на која учествуваат вкупно 18 студенти по архитектура под менторство на проф. д-р Бојан Каранаков и проф. д-р Дивна Пенчиќ. Целта на оваа работилница е изготвување на идејни можни решенија, односно архитектонски предлози за конкретни простори, со кои предлози ќе биде предвиден и надминат проблемот за слободен пристап за лицата со посебни потреби во Кратово, а исто така, со своите проекти, учесниците може да предложат нови идеи и предлози за користење на стари објекти и простори.
Изложба на архитектонски нацрти „Еднакво пристапен простор за сите“
Во рамки на проектот на ден 24 септември 2019 г. (вторник) ќе биде организирана Изложба на архитектонски нацрти „Еднакво пристапен простор за сите“ во Домот на културата „Лазар Софијанов“ – Кратово со почеток од 14ч., на која ќе бидат изложени резултатите од работилницата и истите ќе бидат јавно презентирани.

Проектот „Денови на архитектурата во Кратово“ се реализира во соработка со Архитектонскиот факултет при УКИМ Скопје и истиот е дел од Програмата на активности на општина Кратово во областа на културата за 2019г. Проектот е кофинансиран од Министерството за култура.

facebooktwittergoogle_pluslinkedin