САД помогна во реновирање на Средното Општинско Училиште во Кратово

sad3Денес, 28-ти Октомври 2015 година, Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција за образованието (ПМИО) заедно со Општина Кратово прославија завршување на реновирање на кров во Средното Општинско Училиште „Митко Пенџуклиски“. Процесот на реновирање е финансиран од страна на Владатана САД преку Европската команда на американската војска (ЕУКОМ), како дел од учествата на училиштето во проектот на УСАИД.

Во своето обраќање, Полковник Томас Батлер, висок претставник на одбраната при Амбасадата на САД истакна дека за разлика од толку многу негативни приказни во вестите „постои позитивна приказна која се случува во ова училиште и во безброј други училишта низ Македонија. И ова е охрабрувачка приказна, секој дел вистински,за младите луѓе од Македонија и нивната иднина. Оваа приказна за создавање на етничката хармонија меѓу учениците, нивните родители, наставници и соседи, исто така, треба да се раскажува, да се слави и зајакне“.

Г-дин Мите Андоновски, градоначалник на општина Кратово и директорот на СОУ „Митко Пенџуклиски“ Тони Јанев исто така имаа воведни обраќања и му помогнаа на Полковник Томас Батлер висок претставник на одбраната при Амбасадата на САД при сечење на лентата.

sad2Едно од клучните достигнувања на овој проект е дека сите основни и средни училишта во Македонија се дел од проектните активности, како и општините, родителите и локалните заедници. Дополнително, советниците и просветните инспектори од Бирото за развој на образованието (БРО) на нацинално и регионално ниво, а се вклучени во постигнувањето на одржлива промена и во активностите за зајакнување на капацитети. Воспоставени се повеќе од 100 партнерства во кои наставниците и учениците од училишта со настава на различен наставен јазик соработуваат. Повеќе од 250 ученици беа дел од креативните работилници организирани со етнички мешани групи. Повеќе од 260 ученици учествуваа во Дебаните клубови. До денес, 48 училишта се реновирани.

sad4      
Училиштата кои работат со Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованито имаат можност да аплицираат за средства за реновирање достапни од Европската команда на Американската војска. До сега, ПМИО помогна на 48 заедници во нивните напори да ги подобрат училишните објекти, овозможувајќи им достапност на ученици со посебни потреби и заложувајќи се д а помогне на уште училишта во следната година. ПМИО е четири годишна иницијатива вредна 5.2 милиони долари која соработува со сите релевантни образовни институции, поддржувајќи ги напорите на Владата на Република Македонија во процесот на етничко интегрирање, Проектот има за цел да обезбеди повисоко ниво на свест кај луѓето обуки за разновидност, техничка помош и стимул за училишните одбори, директори, наставници и претставници на администрацијата.

sad5

facebooktwittergoogle_pluslinkedin