Решение за свикување на 36 седница на Совет на општина Кратово

Врз основа на член 39 став 1 и 2 и член 48 став 1 од Законот за локална самоуправа („Службен Весник на РМ“ бр.5/2002), а согласно 25 од Статутот на општина Кратово и член 35 од Деловникот на Советот на општина Кратово, донесувам

РЕШЕНИЕ

за свикување на 36-та седница на советот на општина Кратово

Ја свикувам 36 седница на Советот на општина Кратово која ќе се оддржи на ден 29.10.2019 година (вторник) во салата за седници на Советот на општина Кратово со почеток во 13 часот. За седницата го предлагам следниот:

ДНЕВЕН РЕД

Предлог – Записник од 35-та седница на совет на општина Кратово;
1. Предлог – Одлука за усвојување на План на Програмите за развој на општина Кратово за период 2020-2022 година;
2. Квартален извештај со Предлог – Одлука за усвојување на Квартален извештај за извршување на Буџетот на општина Кратово за третиот квартал од 2019 година;

3. Предлог – Одлуки за доделување на помош од Буџетот на општина Кратово;
4.Годишен план со Предлог – Одлука за давање согласност на Годишниот план за вработување за 2019 година во општина Кратово

5.Годишен план со Предлог – Одлука за давање согласност на Годишниот план за вработување за 2020 година во општина Кратово

6.Измена на корегиран Годишен план со Предлог – Одлука за давање согласност на измената на корегиран Годишен план за вработување за 2019 година во ЈП „Кратово“ Кратово;

7.Годишен план за вработување со Предлог – Одлука за давање согласност на Годишниот план за вработување за 2020 година на ЈП „Кратово“ Кратово;

8.Предлог – Одлука за давање согласност за примена на Одлуката за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на платите на вработените во ЈП„Кратово“ – Кратово;

9. Предлог – Одлука за определување на крајбрежен појас на Кратовска река, Река Повишница и Манев дол во опфатот на УПС Туралево, општина Кратово;
10.Предлог – Одлука за определување на крајбрежен појас на Крива река во опфатот на УПС Вакуф, општина Кратово

11.Предлог – Одлука за дополнување на Одлуката за утврдување за донесување на урбанистичко – планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за кп 119 КО Железница, општина Кратово;

12.Предлог – Одлука за утврдување на бесправен објект за кој не може да се изврши усогласување нанамените за кп 2575 КО Куклица, општина Кратово;

13.Предлог – Одлука за вклопување на бесправно изграден објект во идна урбанистичко-планска документација за издавање на урбанистичка согласност за  кп 378/3 КО Туралево, општина Кратово;
14. Предлог – Одлука за утврдување на бесправен објект за кој не може да се изврши усогласување нанамените за кп 656/4 КО Кетеново, општина Кратово;

15.Предлог – Одлука за вклопување на бесправно изграден објект во идна урбанистичко-планска документација за издавање на урбанистичка согласност за  кп 727, кп 726/2 и кп 709/5, КО Туралево, општина Кратово;

16.Предлог – Одлука за вклопување на бесправно изграден објект во идна урбанистичко-планска документација за издавање на урбанистичка согласност за  кп 2877 КО Страцин, општина Кратово;
17. Предлог – Одлука за утврдување на бесправен објект за кој не може да се изврши усогласување нанамените за кп 2578,  КО Куклица, општина Кратово;
18. Предлог – Одлука за вклопување на бесправно изграден објект во идна урбанистичко-планска документација за издавање на урбанистичка согласност за  кп 1474/2 и кп 1475 КО Туралево, општина Кратово;
19.Предлог – Одлука за вклопување на бесправно изграден објект во идна урбанистичко-планска документација за издавање на урбанистичка согласност за  кп 918, кп 919 и кп 748/1 КО Туралево, општина Кратово;
20.Предлог – Одлука за вклопување на бесправно изграден објект во идна урбанистичко-планска документација за издавање на урбанистичка согласност за  кп 872 КО Туралево, општина Кратово;
21.Предлог – Одлука за вклопување на бесправно изграден објект во идна урбанистичко-планска документација за издавање на урбанистичка согласност за  кп 2284 КО Горно Кратово, општина Кратово;

22. Предлог – Одлука за вклопување на бесправно изграден објект во идна урбанистичко-планска документација за издавање на урбанистичка согласност за  кп 4043 и кп 4045 КО Страцин, општина Кратово;
23. Годишен план со Предлог – Одлука за давање согласност на Годишниот план за вработување за 2020 година на СОУ „Митко Пенџуклиски“ Кратово;
24. Годишен извештај со Предлог – Решение за усвојување на Годишен извештај за работа на СОУ „Митко Пенџуклиски“ Кратово за учебната 2018/2019 година;
25. Годишна програма со Предлог – Решение за усвојување на Годишна програма за работа на СОУ „Митко Пенџуклиски“  Кратово за учебната 2019/2020 година;
26. Годишен извештај со Предлог – Решение за усвојување на Годишен извештај за работа на Ученичкиот дом при СОУ „Митко Пенџуклиски“ Кратово за учебната 2018/2019 година;
27. Годишна програма со Предлог – Решение за усвојување на Годишна програма за воспитно – образовната работа на Ученичкиот дом при СОУ „Митко Пенџуклиски“ Кратово за учебната 2019/2020 година;
28. Годишен план за вработување со Предлог-Одлука за давање согласност на Годишниот план за вработување за 2020 година на ООУ „Кочо Рацин“ Кратово;

29. Статут со Предлог-Одлука за давање согласност и позитивно мислење на Статутот на ООУ „Кочо Рацин“ Кратово;

 

30. Предлог-Решение за констатирање престанок на мандат и именување на член на Училишниот одбор на ООУ „Кочо Рацин“ Кратово;
31. Прашања и предлози.
На седницата е поканет и Градоначалникот на општина Кратово и раководителите на јавни претпријатија, установи и органи на управата на локалната самоуправа одговорни за својата работа пред Советот на општина Кратово.

Се изветсуваат поканетите службени лица за задолжително присаство на седницата на Советот.

Претседател

на Совет на општина Кратово

Слободан Постолов

facebooktwittergoogle_pluslinkedin