Компиријада Кратово 2019

 

Манифестацијата „Компиријада 2019“ Кратово по петти пат под покровителство на МЗШВ се организира во општина Кратово.
Оваа година ќе се реализира на ден 16.11.2019 година (сабота) од 11 часот на Плоштад Маршал Тито.

Презентација и промоција на кратовскиот природен компир како и на останатите земјоделски и гастрономски обележја на Кратово преку многубројните специјалитети кои ќе бидат подготвени од вредните раце на домаќинките како и преку цртежи на тема „Компир – здрава храна за детство без маана“.

На десетина штандови ќе се најдат повеќе видови компир, некои за пржење други за готвење, едни црвени, други жолти. Одгледани се во чиста еколошка средина, што му дава квалитет на компирот.

Да ја запознаеме традицијата од блиску, непосредно во контакт со луѓето.

kompirijada flaer

 

facebooktwittergoogle_pluslinkedin