Решение за свикување на 38 седница на Совет на општина Кратово

Врз основа на член 39 став 1 и 2 и член 48 став 1 од Законот за локална самоуправа („Службен Весник на РМ“ бр.5/2002), а согласно 25 од Статутот на општина Кратово и член 35 од Деловникот на Советот на општина Кратово, донесувам

РЕШЕНИЕ

за свикување на 38-та седница на советот на општина Кратово

Ја свикувам 38 седница на Советот на општина Кратово која ќе се оддржи на ден 14.11.2019 година (четврток) во салата за седници на Советот на општина Кратово со почеток во 11 часот. За седницата го предлагам следниот:

ДНЕВЕН РЕД

Предлог – Записник од 36-та седница на совет на општина Кратово;

Предлог – Записник од 37-та седница на совет на општина Кратово;
1. Предлог – Одлука за измена и дополнување на Буџетот на општина Кратово за 2019 година (Ребаланс на буџетот);
2. Квартален извештај со Предлог – Одлука за усвојување на Квартален извештај за извршување на Буџетот на општина Кратово за третиот квартал од 2019 година;

3. Предлог – Програма со Предлог-Одлука за усвојување на Програма за активностите на Општина Кратово од областа на културата за 2020 година;

4.Предлог – Програма со Предлог-Одлука за усвојување на Програма за активностите на Општина Кратово од областа на здравството и социјалната заштита за 2020 година;

5.Предлог – Програма со Предлог-Одлука за усвојување на Програма за активностите на Општина Кратово од областа на спортски активности за 2020 година;
6.Годишен план со Предлог – Одлука за давање согласност на Годишниот план за вработување за 2019 година во општина Кратово

7.Годишен план со Предлог – Одлука за давање согласност на Годишниот план за вработување за 2020 година во општина Кратово

8.Измена на корегиран Годишен план со Предлог – Одлука за давање согласност на измената на корегиран Годишен план за вработување за 2019 година во ЈП „Кратово“ Кратово;

9.Годишен план за вработување со Предлог – Одлука за давање согласност на Годишниот план за вработување за 2020 година на ЈП „Кратово“ Кратово;

10.Предлог – Одлука за давање согласност за примена на Одлуката за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на платите на вработените во ЈП„Кратово“ – Кратово;

11. Финансиски извештај со Предлог-Одлука за усвојување на Финансиски извештај за период од 01.01.2019 до 30.09.2019 година на Јавното претпријатие за комунални дејности и инфраструктура „Кратово“ од Кратово;
12.Предлог – Одлука за определување на крајбрежен појас на Крива река во опфатот на УПС Шопско Рударе, општина Кратово

13.Годишен план со Предлог – Одлука за давање согласност на Годишниот план за вработување за 2020 година на ООУ „Кочо Рацин“ Кратово;

14.Статут со Предлог-Одлука за давање согласност и позитивно мислење на Статутот на ООУ „Кочо Рацин“ Кратово;

15.Предлог-Решение за констатирање престанок на мандат и именување на член на Училишниот одбор на ООУ „Кочо Рацин“ Кратово;

16.Годишен план за вработување со Предлог-Одлука за давање согласност на Годишниот план за вработување за 2020 година на ЈОУ Дом на култура „Лазар Софијанов“ Кратово;

17. Годишен план за вработување со Предлог-Одлука за давање согласност на Годишниот план за вработување за 2020 година на ОУ Музеј на град Кратово;
18. Предлог – Одлука за формирање на Општински совет за социјална заштита;
19.Предлог – Решение за именување членови на Општинскиот совет за социјална заштита;
20.Известување со укажување од Државниот комунален инспекторат Скопје-Одделение за инспекциски надзор при Министерството зза транспорт и врски и Барање информација од Државен инспекторат за животна средина и
21. Прашања и предлози.
На седницата е поканет и Градоначалникот на општина Кратово и раководителите на јавни претпријатија, установи и органи на управата на локалната самоуправа одговорни за својата работа пред Советот на општина Кратово.

Се известуваат поканетите службени лица за задолжително присаство на седницата на Советот.

Претседател

на Совет на општина Кратово

Слободан Постолов

Scroll to Top