46.333 евра за рехабилитација на Здравствениот дом на Кратово Амбасадорката на Јапонија Н.Е. Кеико Ханеда во Кратово

 

46.333 евра за рехабилитација на Здравствениот дом на Кратово

Амбасадорката на Јапонија Н.Е. Кеико Ханеда во Кратово

 

На 19ти ноември, 2019 г. Амбасадорката на Јапонија, Н.Е. Кеико Ханеда го посети Кратово и заедно со градоначалникот Љупчо Бојаџиев потпишаа договор за проект од 45.333 евра со кој ќе се рехабилитира Здравствениот дом во Кратово.

„Проектот за подобрување на медицинската средина на ЈЗУ Здравствен дом Кратово“ е овозможен преку „Грант програма за мали проекти“ (GGP). Овој проект не е прва донација од народот на Јапонија, помеѓу 2002 и 2007, Здравствениот дом на Кратово има добиено неколку медицински апарати, 1 амбулантно возило и 1 теренско возило за медицинска помош, во вредност од 300.000 евра кои се користат и денес.

„Прв пат го посетив Кратово за да отворам јапонска изложба и се воодушевив од историјата и шармот на овој град со средновековни мостови и кули. Денес сум среќна што сум тука за убава пригода за потпишување договор за грант со градоначалникот за реновирање на локалниот здравствен центар.

Јапонската помош има за цел да им помогне на граѓаните да го подобрат животниот квалитет. Народот на Јапонија, како ваш пријател е среќен кога ги гледа вашите насмевки.“ –  изјави амбасадорката Ханеда.

По потпишувањето на договорот, Амбасадорката Ханеда го посети здравствениот дом и локалитетот Куклицa.

thumbnail

amb

Scroll to Top