СООПШТЕНИЕ „КОМПИРИЈАДА – КРАТОВО 2015“

СООПШТЕНИЕ

Почитувани сограѓани во пресрет на манифестацијата „КОМПИРИЈАДА – КРАТОВО 2015“ која втора година по ред се одржува под покровтелство на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со цел промоција и презентација на единствениот кратовски компир како наште земјоделско и гастрономско обележје, Ве покануваме да присуствувате но и самите да земете учество на манифестацијата.

Манифестацијата ќе се одржи на 14.11.2015 година (сабота) на Градскиот плоштад со почеток од 11.00 часот.

Сите оние кои сакаат да земат учество на изложбените штандови каде ќе се презентираат специјалитети направени од компир да се пријават на тел.број 031/481 202 или во просториите на општина Кратово до 09.11.2015 година (понеделник). 031/481 202

За првонаградените специјалитети предвидени се богати награди.

Исто така отворена е можноста и за сите оние сакаат да закупат простор за комерцијални штандови со цел продажба на производи од компир и слично, да се пријават на горенаведениот телефонски број или во просториите на општината.

Општина Кратово

facebooktwittergoogle_pluslinkedin