По повод големиот Христијански празник Богојавление (Водици), на ден 19.01.2020 година (недела), на Градскиот базен во Кратово со почеток во 11ч, од страна на клирот од Кумановско осоговската епархија на МПЦ ОА ќе се изврши Богојавленски Водосвет – фрлање на крст во вода.
Овој настан е под покровителство на Општина Кратово и по тој повод се известуваат сите заинтересирани граѓани за учество во овој ритуал за да го фатат благословениот крст за здравје, среќа и бериќет можат да се пријават во просториите на Општина Кратово најдоцна до 17.01.2020 година (петок) до 15.30 ч. Секое заинтересирано лице за учество, при пријавувањето треба да достави и медицинска потврда за здравствената способност.
Општина Кратово за многубројните посетители на овој традиционален настан ќе обезбеди топли напитоци, а за најсреќниот граѓанин, кој ќе го фати крстот, следува награда.
За многу години!