Програмата Општинско-корисна работа со поддршка на социјално ранливите групи и на невработените

Програмата Општинско корисна работа преку проектот „НОВ ПРИЈАТЕЛ“ во Општина Кратово се реализира по шестти пат. Оваа година за Општина Кратово беа одобрени 10 позиции односно 10 лица во три различни области и тоа: еден негувател во давање услуги на деца во детска градинка, осум  негуватели за услуги на стари и изнемоштени лица и едно лице образовен асистент е ангажирано во ООУ „Кочо Рацин“. Ангажираните работеа по четири часа дневно секој работен ден и добиваат надоместок од 9.000 денари бруто износ од кои се плаќа персонален данок и осигурување. Услугите се спроведуваат во градот. Проектот што го финансираат UNDP и Министерството за труд и социјална политика започна на 1 септември 2019 година, а заврши на 29 февруари 2020 година, освен позицијата на образовен асистент на дете со попреченост која ќе заврши на 10.06.2020 година. На локално ниво проектот го реализираат Општина Кратово, Центарот за социјални работи, Агенцијата за вработување Кратово, ООУ „Кочо Рацин“, Здравствен дом Кратово и ЈОУДГ „Царка Андреевска“.

74209899_338305847003536_3044272080670425088_n

Оваа година преку Општинско-корисна работа се опфатија околу 40 стари и изнемоштени лица кои беа посетувани и добиваат дел од услугите (услуги на дружење и социјализација, помош во одржување на домот (чистење, готвење, перење, пеглање), помош во извршување на секојдневните потреби и обврски, помош во купување намирници и лекови (пазарање), прошетка во поблиската околина, придружба при посета на доктород ангажираните лица/негуватели.

29

thumbnail

facebooktwittergoogle_pluslinkedin