Прекинување на воспитно-образовниот процес согласно препораките на Владата

Општина Кратово ја известува јавноста дека заклучно од среда (11.3.2020), општинската градинка, основното училиште и средното општинско училише нема да работат и да одржуваат настава. Мерката за прекинување на воспитно-образовниот процес согласно препораките на Владата, ќе трае 14 дена и ги опфаќа сите подрачни основни училишта кои се наоѓаат на територија на општината.

Овој чекор следи по одржаната 15-та седница на Владата и донесените одлуки, препораки и заклучоци од истатата седница, а се однесува на моменталната состојба со Корона вирусот.

Архивата на Општина Кратово и понатаму продолжува со прием на предмети во редовното работно време, од 8:00 – 16:00 часот.

Градоначалникот д-р Љупчо Бојаџиев и Општина Кратово апелираат до жителите да ги почитуваат препораките и мерките кои доаѓаат од Министерството за здравство и Владата и да се придржуваат до истите со цел намалување на ризикот од доаѓање во допир и заразување со Корона вирусот.

facebooktwittergoogle_pluslinkedin