Целосно ќе биде затворен градскиот зелен пазар во Кратово

С О О П Ш Т Е Н И Е

Општина Кратово ги информира граѓаните дека целосно ќе биде затворен градскиот зелен пазар (за пазарните денови петок и сабота 27.03. – 28.03.2020 година) во Кратово за продавачите на земјоделски и прехранбени производи, но и за трговците со текстил и други артикли.

Општината, во согласност со препораките од Владата за заштита од Коронавирусот, земајќи ги предвид последните мерки за ограничено движење на пензионерите и на другите лица, одлучи во текот на утрешниот ден и сабота тезгите да бидат целосно затворени односно целосно затворање на градскиот зелен пазар во Кратово.

                                                                                                Општина Кратово

facebooktwittergoogle_pluslinkedin