Градскиот зелен пазар по барање на граѓаните на Кратово овој викенд сабота (04 – Април 2020 година) ќе работи меѓутоа со редуциран проток на луѓе (ограничување на влез-излез).
Согласно Одлуките на Владата на РСМ, во врска со превземање на дополнителни мерки и активности за превенција од ширење на Корона Вирусот, во затворениот Зелен Пазар СЕ МОЛАТ продавачите и потрошувачите да се придржуваат на следното:
- Продавачите да стојат исклучиво на своето продажно место да нема групирање и да носат заштитни маски и ракавици со цел зачувување на здравјето на сите.
- Потрошувачите, пазарот исклучиво да го користат за снабдување на неопходни потреби, без подолго да се задржуваат во истиот со цел да не се прави гужва.