Известување за време на полициски час во Кратово

  1. ПРЕДМЕТ: Известување за дежурни маркети кои ќе работат за време на полициски час во Кратово

Врз основа на препораките на Влада на Република Северна Македонија, Ве известуваме дека за време на полицискиот час овој викенд (11 и 12 април 2020), сите маркети, фирми и ресторани во општина Кратово кои се подготвени и имаат желба да се вклучат во оваа акција за набавка и достава на потребните намирници и храна потребно е да се пријават на е-маил адресата contact.kratovo@gmail.com или пак на следните телефонски броеви: 031 481 202 или пак на 070 75 77 77 (рок на пријавување: 08.04.2020 година до 15 часот).

Дозволата за движење ќе биде овозможена за вработените кои ќе доставуваат храна од 8 до 15 часот (сабота и недела).

  1. ПРЕДМЕТ: Известување за лицата кои одгледуваат живина и други домашни животни во Кратово

Лицата/граѓаните кои имаат реална потреба за движење за време на полициски час кои одгледуваат живина и други домашни животни (а не се регистрирани како земјоделци), потребно е да се пријават на е-маил адресата contact.kratovo@gmail.com или пак на следните телефонски броеви: 031 481 202 или пак на 070 75 77 77 (рок на пријавување: 09.04.2020 година до 15 часот).

Дозволата за движење ќе биде овозможена за еден член од семејството и тоа само исклучиво во следните временски интервали: наутро од 6 до 8 часот и попладне од 15 до 16 часот (сабота и недела).

Укажуваме на лицата да ги почитуваат новите препораки на Владата, и движењето да го користат исклучиво за работни обврски, со цел заеднички да придонесме во справувањето со коронависрусот во нашата држава.

Ви благодариме на соработката!

07.04.2020

Општина Кратово

 

facebooktwittergoogle_pluslinkedin