Демант на сооштението на СДСМ од 16.11.2015 г.

Во врска со соопштението што беше објавено од страна на СДСМ, а со кое сака да се долови лажна слика за функционирањето на општина Кратово го даваме следното соопштение:

Општина Кратово и општинските институции никогаш не биле во лоша финансиска состојба, блокирани сметки или големи долгови кон било кои фирми, добавувачи или пак физички лица. Општината и локалните институции редовно ги добиваат утврдените дотации од Централната власт, а во изминатите години евидентна е и зголемена наплата на локалните даноци и такси. Доказ за сето ова е и што општина Кратово меѓу првите 5 општини влезе во втората фаза на децентрализација според извештајот на Министерството за финансии и ЗЕЛС.

Во врска со „фамозното задолжување“ општина Кратово потпиша Договор за под-заем бр: МСИП/55 со Министертсво за финансии и Светска банка за одобрување на кредит во вредност од 31.640.000,00 денари за „Изградба на зелен пазар во општина Кратово“. Кредитот е со максимално поволни услови, грејс период од 3 години, рок на отплата 15 години и каматна стапка од 1%.

Пред одобрување на кредитот е изработена сеопфатна економска и социо-економска анализа од страна на Министерство за финансии и Светска Банка и по сите критериуми проектот е исплатлив и е одобрен за кредитирање.

Советниците од СДСМ од кои дел беа и вклучени во почетните интервјуа и изработката на анализата, очигледно не разбрале ни зошто се таму, а не пак да дадат конструктивен придонес за реализација на една ваква грандиозна капитална инвестиција во општина Кратово.

Кога конечно после три години молчење во Советот почнаа да зборуваат, нека ги набројат инвестициите кои нивната СДСМ од самото постоење како партија воопшто ги има направено за општина Кратово, или најбитната работа е само да се земе советничкиот паушал од 10.500,00 ден месечно за оцрнување на туѓата работа.

Кабинет на Градоначалникот

на општина Кратово

Мите Андоновски

facebooktwittergoogle_pluslinkedin