Известување

Општина Кратово за справување со Коронавирус  ги известува сите земјоделци на територијата на општина Кратово кои не се  пријавени за добивање на дозволи преку ПЕ Кратово на МЗШВ тоа можат да го сторат до четврток до 14.00 часот со доставување на потребни податоци по телефон до општина Кратово.

Потребните податоци  за лицето кое се пријавува за вршење на земјоделска активност за време на викендот се:

  1. име и презиме
  2. адреса на живеење
  3. датум на вршење на земјоделските активности
  4. место каде ќе се извршуваат земјоделските активности
  5. контакт телефон

Добиените податоци ќе бидат доставени до ОВР-Полициска станица Кратово заради контрола на движење на граѓаните за време на полицискиот час.

Напомена: Движењето е дозволено само во период на забрана за движење овој викенд (од 18 април до 20 април 2020 година) од 6 до 8 часот наутро и од 15 до 17 часот попладне.

Пријавувањето може да го направите на следниот контакт телефон: 031 481 202.

facebooktwittergoogle_pluslinkedin