И овој четврток ќе биде отворен Градскиот зелен пазар

Почитувани,

Во четврток (30 април 2020 год.), за потребите на граѓаните ќе работи Градскиот зелен пазар започнувајќи од 07 до 13 часот со продажба на земјоделски и прехрамбрени производи.

ЈКП Кратово ќе изврши распоред на тезгите и ќе преземе мерки за заштита со поставување на дезинфекциони средства на самиот влез на пазарот, додека продавачите се должни да носат соодветна лична заштитна опрема и де се придржуваат кон пропишаните мерки на Владата на РСМ.

Граѓаните да носат заштитни маски и ракавици, да не се собираат во групи и строго да се придружуваат согласно препораките на надлежните институции.

Пазар четврток

facebooktwittergoogle_pluslinkedin