ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ План за управување со животната средина и со социјалните аспекти (ПУЖССА) за проект за реконструкција на постоен пат во Општина Кратово во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта

Во рамки на “Проектот за поврзување на локални патишта” кој се реализира од Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура, Општина Кратово аплицираше со проект за реконструкција на постоен пат во Општина Кратово.

Согласно барањата на Светска Банка беше подготвен документ “План за управување со животната средина и социјалните аспекти” во кој се анализирани влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти кои ќе произлезат од реализацијата на проектот.

Документот “План за управување со животната средина и социјалните аспекти” ќе биде ставен на јавен увид на веб страните на: Министерството за транспорт и врски (http://www.mtc.gov.mk) и на Општина Кратово (https://www.opstinakratovo.gov.mk/) на 15 мај 2020.

Вашите коментари може да ги доставите во рок од 14 дена од поставување на документот на веб страна.

Izvestuvanje za dostapnost na ESMP Checklista_

ESMP Checklist_ Project Kratovo_ENG_14.5.20

ESMP Checklist_ Kratovo_mk_14.5.20

КratovoFormular za komentari na dokument za Kratovo

facebooktwittergoogle_pluslinkedin