Ј А В Е Н П О В И К до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа

Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и општина Кратово, Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2020 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, Програмата Општинско – корисна работа, финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РСМ, на ден 20.08.2020 година се објавува:

Ј  А  В  Е  Н     П О В И К

до

евидентирани невработени лица за вклучување во

Програмата Општинско – корисна работа

Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во Програмата „Општинско-корисна работа“, проект “Почуствувај топлина” за работно ангажирање со скратено работно време за период од

  • 6 (шест) месеци (доколку поседуваат соодветен сертификат за давање на социјални услуги);
  • 7 (седум) месеци (доколку преку Програмата треба да се стекнат со соодветен сертификат за давање на социјални услуги), и
  • 9 (девет) месеци (доколку се вклучат во поддршка на деца со попречености во редовен наставен процес).

заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување – Центар за вработување Кратово.

 

Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на работниот ангажман од

  • 6 (шест) месеци (доколку поседуваат соодветен сертификат за давање на социјални услуги)
  • 7 (седум) месеци (доколку преку Програмата треба да се стекнат со соодветен сертификат за давање на социјални услуги), и
  • 9 (девет) месеци (доколку се вклучат во поддршка на деца со попречености во редовен наставен процес).

статусот на невработените лица останува непроменет, а на невработените лица-корисници на социјална помош за времетраење на работниот ангажман ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.

Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата.

За кандидатите кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ се предвидува паричен надоместок во висина од 9.000,00 денари бруто износ, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.

Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:

  1. долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција со предност на невработени лица над 5 години)
  2. млади лица до 29 години
  3. лица постари од 50 години
  4. жени припадници на ромска етничка заедница и на останатите етнички заедници
  5. родители на деца со пречки во развојот
  6. родители на 3 и повеќе деца
  7. лица со незавршено средно или пониско образование
  8. самохрани родители

Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на:

  • НЕГУВАТЕЛ НА СТАРИ, ИЗНЕМОШТЕНИ ЛИЦА И ЛИЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТ (9 лица)
  • ОБРАЗОВЕН АСИСТЕНТ ВО РЕДОВНА НАСТАВА (2 лица)

Заинтeресираните невработени лица, Пријави за учество во Програмата „Општинско – корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување – Центар за вработување Кратово во периодот од  20.08.2020 година до 26.08.2020 година, од 08:00 до 14:00 часот.

Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општина Кратово и избраните кандидати.

Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во општина Кратово кај лицето Катерина Станковиќ, Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување-Центар за вработување Кратово кај лицето Магдалена Арсовска, Центар за социјлна работа Кратово кај лицето Невенка Јовановска.

Scroll to Top