Решение за именување и дополнување на Решение за свикување на 49-та седница на Совет на општина Кратово

Решение

за именување и дополнување на Решение за свикување на 49-та седница на Совет на општина Кратово

Со Решение се врши изменување и дополнување на Решението за свикување на 49-та седница на Советот на општина Кратово бр.09-801/1 од 24.08.2020 година со тоа што: во дневниот ред после точката 14 „Годишна програма со Предлог-Решение за усвојување на Годишната програма за работа на ООУ „Кочо Рацин“ Кратово за учебната 2020/2021 година се додаваат следните нови точки како предлог – точки за дневен ред, и тоа:

Точка 15. „Годишна програма со Предлог-Решение за усвојување на Годишна програма за професионален развој на вработените при ЈОУДГ „Царка Андреевска“ за периодот од Октомври 2020/Мај 2021 година;

Точка 16. „Предлог-Одлука за давање согласност за формирање и работа на воспитни групи со поголем односно помал број на деца во ЈОУДГ „Царка Андреевска“ Кратово во работната 2020/2021 година;

Точка 17. „Предлог – Решение за давање согласност за формирање и работа на паралелки во кои бројот на ученици е помал од 25 во учебната 2020/2021 година во СОУ „Митко Пенџуклиски“ Кратово.

Точката 15 „Прашања и предлози“ од претходното решение станува точка 18.

facebooktwittergoogle_pluslinkedin