РЕШЕНИЕ за свикување на 50-та седница на советот на општина Кратово

РЕШЕНИЕ

за свикување на 50-та седница на советот на општина Кратово

Ја свикувам 50 седница на Советот на општина Кратово која ќе се оддржи на ден 18.09.2020 година (петок) во салата за седници на Советот на општина Кратово со почеток во 10 часот. За седницата го предлагам следниот:

ДНЕВЕН РЕД

Предлог-Записник од 48-та седница на Советот на општина Кратово одржана на ден 29.07.2020 година;

Предлог-Записник од 49-та седница на Советот на општина Кратово одржана на ден 31.08.2020 година;

1. Предлог – Одлука за измена и дополнување на буџетот  на општина Кратово за 2020 година (ребаланс на буџетот);
2.Предлог – Одлука за давање согласност за организирање на настава со физичко присуство на учениците од 4-то до 9-то одделение во ООУ „Кочо Рацин“ Кратово во учебната 2020/2021 година;

3. Предлог – Одлука за давање согласност за организирање на воспитно образовниот процес со физичко присуство на учениците и реализација на комбинирана настава во СОУ „Митко Пенџуклиски“ Кратово во учебната 2020/2021 година;

4. Предлог-Решение за разрешување и именување на член на управниот одбор во  ЈОУДГ „Царка Андреевска“ Кратово;

5. Годишен извештај со Предлог-Решение за усвојување на Годишен извештај за работа на СОУ „Митко Пенџуклиски“ Кратово за работната 2019/2020 година;

6. Годишна програма со Предлог-Решение за усвојување на Годишна програма за работа на СОУ „Митко Пенџуклиски“ Кратово за работната 2020/2021 година;

7. Предлог – Одлука за доделување помош од буџетот на општина Кратово;
8.Извештај – Предлог – Одлука за усвојување на Извештај за работа на ЈП „Кратово“ за 2019 година;

9.Статут со Предлог – Одлука за давање согласност на Статутот на ЈП „Кратово“ Кратово;

10. Финансиски извештај со Предлог-Одлука за усвојување на Финансискиот извештај за период 01.01.2019 до 31.12.2019 година на ЈП „Кратово“;

11. Финансиски извештај со Предлог-Одлука за усвојување на Финансискиот извештај за период 01.01.2020 до 31.03.2020 година на ЈП „Кратово“;

12.Финансиски извештај со Предлог-Одлука за усвојување на Финансискиот извештај за период 01.01.2020 до 30.06.2020 година на ЈП „Кратово“;

13.Прашања и предлози.

На седницата е поканет и Градоначалникот на општина Кратово и раководителите на јавни претпријатија, установи и органи на управата на локалната самоуправа одговорни за својата работа пред Советот на општина Кратово.

Се известуваат поканетите службени лица за задолжително присаство на седницата на Советот.

facebooktwittergoogle_pluslinkedin