ЈАВЕН ОГЛАС За избор на Директор на Јавното претпријатие за комунални дејности и инфраструктура „Кратово” – Кратово

Врз основа на член 50 став 1 точка 9 од Законот за Локална самоуправа ( Службен Весник на РМ бр. 5/02 ) и член 23 од Законот за јавните претпријатија („Службен весник на Република Македонија” бр. 38/96, 9/97, 6/02, 40/03, 49/06, 22/07, 83/09, 97/10, 6/12, 119/13, 41/14, 138/14, 25/15, 61/15, 39/16, 64/18 и 35/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 275/19), Градоначалникот на општина Кратово распишува

ЈАВЕН  ОГЛАС 

За избор на Директор на Јавното претпријатие за комунални дејности и инфраструктура ,,Кратово” – Кратово

Оглас Бр. 1/2020

Јавното претпријатие за комунални дејности и инфраструктура има потреба од пополнување на работно место Директор на претпријатието  со мандат од 4 години – 1 извршител.

Кандидатите кои ке се пријават на огласот треба да ги исполнуваат следните општи  и посебни услови :

  • да е државјанин на Република Македонија,
  • активно да го користи македонскиот јазик,
  • да е полнолетен,
  • да има општа здравствена способност за работното место,
  • во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност,
  • да има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование, од областа на Правни, Економски науки, Менаџмент, Заштита на животната средина, Градежништво, Урбанизам, Машински, Елекро и Технички науки,
  • да  има минимум пет години работно искуство,
  • да поседува еден од следните меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години и тоа: ТОЕФЕЛ ИБТ (TOEFL IBT) – најмалку 74 бода, ИЕЛТС (IELTS) – најмалку 6 бода, ИЛЕЦ (ILEC Cambridge English: Legal) – најмалку Б2 (B2) ниво или  ФЦЕ (FCE Cambridge English: First) – положен, БУЛАТС (BULATS) – најмалку 60 бода,

Работно време:  40 часа неделно од понеделник до петок од 08 до 16 часот .

Нето плата : 33.500,00 денари.

Припадност : Македонец.

Рок на пријавување: 15 дена, сметано од 15.09.2020 година.

Пријавите можат да се поднесат во хартиена форма до Архивата на општина Кратово секој работен ден од понеделник до петок  од  07.30 до 15.30 часот, преку пошта на адреса: Плоштад Маршал Тито бб.  1360  Кратово или електронски на веб страната на општината.

Комисијата за селекција врши проверка на пријавите и веродостојност на доказите во рок од 3 дена.

Комисијата доставува ранг листата и предлог за кандидат до Градоначалникот во рок од 15 дена.

Градоначалникот врши избор и именување на кандидат во рок од 15 дена.

Ненавремени пријави на кандидатите нема да бидат предмет на разгледување од Комисијата.

Јавен повик

facebooktwittergoogle_pluslinkedin