ЈАВЕН ОГЛАС за избор на Директор на ЈОУ Дом на култура „Лазар Софијанов“- Кратово

Врз основа на член 50 став 1 точка 9 од Законот за Локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр. 5/02), член 29 и 30 став 1 и член 38 од Законот за културата („Службен весник на Република Македонија“ бр. 31/98, 49/03, 82/05, 24/07, 116/10, 47/11, 51/11, 136/12, 23/13, 187/13, 44/14, 61/15, 154/15, 39/16, 11/18 и 11/18), членовите 13,14 и 15 од Статутот на ЈОУ Дом на култура ,,Лазар Софијанов“ КратовоБр. 01-26/4 од 19.02.2018 година, Градоначалникот на Општина Кратово, распишува

ЈАВЕН ОГЛАС

за избор на Директор на ЈОУ Дом на култура „Лазар Софијанов“- Кратово

Оглас Бр. 2/2020

  1. Градоначалникот на Општина Кратово распишува Јавен Оглас  за избор на  Директор за време од четири години. Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови предвидени со закон:

– да е државјанин на Република Македонија,

-во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда  да не му е изречена казна или прекршочна санкција, забрана за вршење на професија, дејност или должност,

– да има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен високо образование од областа на општествени  науки ,

– да  има  минимум  5  (пет) години  работен  стаж  во областа на културата или пет години работно искуство на работи или проекти во областа на културата врз основа на склучени договори за делo,

– да има еден од следниве меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години: – ТОЕФЕЛ ИБТ – најмалку 74 бода,- ИЕЛТС (IELTS) – најмалку 6 бода,- ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) – најмалку Б2 (B2) ниво,- ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) – положен,- БУЛАТС (BULATS) – најмалку 60 бода.

  1. Со пријавата по огласот и кратка биографија, кандидатите треба да ја достават следнава документација:

– диплома  за завршено високо образование,

– уверение за државјанство (не постаро од шест месеци),

– доказ дека со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција за вршење  на професија, дејност или должност ( не постаро од 6 месеци),

– потврда за работно искуство во културата,

– кандидатите  да достават Предлог програма за работа и развој на Дом на култура-Кратово,

  1. Дневното работно време е  8 ( осум ) часа, од 7,30-8,30 до 15,30-16,30  часот, од понеделник до петок.

Неделното  работно  време  е  40  часа.

Основна плата :  20.501 ,00 денари.

  1. Огласот трае 15 (петнаест) дена, сметано од 15.09.2020 година.
  2. Пријавите со потребните документи (со назнака за јавен оглас) да се достават до Управниот одбор по пошта на адреса до ЈОУ Дом на културата ,,Лазар Софијанов“- Кратово, ул. Свети Ѓорѓи Кратовски бб. 1360 Кратово, или во архивата на ЈОУ Дом на културата ,,Лазар Софијанов“- Кратово, секој работен ден од 8 до 15 часот.
  3. Пристигнатите документи ги разгледува тричлена комисија формирана од Управниот одбор на ЈОУ Дом на културата ,,Лазар Софијанов“- Кратово. Комисијата е должна во рок од пет дена од завршувањето на огласот да ги разгледа доставените документи.
  4. Комисијата доставува предлог кандидат до Управниот одбор во рок од 7 (седум) дена.
  5. Градоначалникот во рок од 15 дена од денот на добивањето на предлогот од Управниот одбор, врши избор на Директор.
  6. Некомплетните и ненавремено доставени документи нема да се разгледуваат.

Јавен оглас

 

facebooktwittergoogle_pluslinkedin