Врз основа на член 50 став 1 точка 9 од Законот за Локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр. 5/02), член 29 и 30 став 1 и член 38 од Законот за културата („Службен весник на Република Македонија“ бр. 31/98, 49/03, 82/05, 24/07, 116/10, 47/11, 51/11, 136/12, 23/13, 187/13, 44/14, 61/15, 154/15, 39/16, 11/18 и 11/18), членовите 13,14 и 15 од Статутот на ЈОУ Дом на култура ,,Лазар Софијанов“ КратовоБр. 01-26/4 од 19.02.2018 година, Градоначалникот на Општина Кратово, распишува
ЈАВЕН ОГЛАС
за избор на Директор на ЈОУ Дом на култура „Лазар Софијанов“- Кратово
Оглас Бр. 2/2020
- Градоначалникот на Општина Кратово распишува Јавен Оглас за избор на Директор за време од четири години. Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови предвидени со закон:
– да е државјанин на Република Македонија,
-во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна или прекршочна санкција, забрана за вршење на професија, дејност или должност,
– да има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен високо образование од областа на општествени науки ,
– да има минимум 5 (пет) години работен стаж во областа на културата или пет години работно искуство на работи или проекти во областа на културата врз основа на склучени договори за делo,
– да има еден од следниве меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години: – ТОЕФЕЛ ИБТ – најмалку 74 бода,- ИЕЛТС (IELTS) – најмалку 6 бода,- ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) – најмалку Б2 (B2) ниво,- ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) – положен,- БУЛАТС (BULATS) – најмалку 60 бода.
- Со пријавата по огласот и кратка биографија, кандидатите треба да ја достават следнава документација:
– диплома за завршено високо образование,
– уверение за државјанство (не постаро од шест месеци),
– доказ дека со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција за вршење на професија, дејност или должност ( не постаро од 6 месеци),
– потврда за работно искуство во културата,
– кандидатите да достават Предлог програма за работа и развој на Дом на култура-Кратово,
- Дневното работно време е 8 ( осум ) часа, од 7,30-8,30 до 15,30-16,30 часот, од понеделник до петок.
Неделното работно време е 40 часа.
Основна плата : 20.501 ,00 денари.
- Огласот трае 15 (петнаест) дена, сметано од 15.09.2020 година.
- Пријавите со потребните документи (со назнака за јавен оглас) да се достават до Управниот одбор по пошта на адреса до ЈОУ Дом на културата ,,Лазар Софијанов“- Кратово, ул. Свети Ѓорѓи Кратовски бб. 1360 Кратово, или во архивата на ЈОУ Дом на културата ,,Лазар Софијанов“- Кратово, секој работен ден од 8 до 15 часот.
- Пристигнатите документи ги разгледува тричлена комисија формирана од Управниот одбор на ЈОУ Дом на културата ,,Лазар Софијанов“- Кратово. Комисијата е должна во рок од пет дена од завршувањето на огласот да ги разгледа доставените документи.
- Комисијата доставува предлог кандидат до Управниот одбор во рок од 7 (седум) дена.
- Градоначалникот во рок од 15 дена од денот на добивањето на предлогот од Управниот одбор, врши избор на Директор.
- Некомплетните и ненавремено доставени документи нема да се разгледуваат.