Врз основа на член 35 став 3 од Законот за Просторно и урбанистичко планирање (Сл.весник на Р.М. бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), Градоначалникот на општина Кратово го дава следното
С О О П Ш Т Е Н И Е
за организирање на Јавна презентација и Јавна анкета по Предлог детален урбанистички план за дел од УЕ “2” дел од блок 4 и блок 7-Кратово
Се известуваат граѓаните на општина Кратово дека се организира Јавна презентација и Јавна анкета по предлог детален урбанистички план за дел од УЕ “2” дел од блок 4 и блок 7 – Кратово, со тех.бр.У-03/19 од Септември 2020 година, изработен од Урбан Гис д.о.о.Куманово од Куманово.
Границата на планскиот опфат на Урбанистички план за вон населено место е прикажана со испрекината црвена линија во графички дел на планот.
Вкупната површина на планскиот опфат изнесува 3892,24м2.
Јавната презентација со стручно презентирање на предлог детален урбанистички план за дел од УЕ “2” дел од блок 4 и блок 7-Кратово, со тех.бр.У-03/19 од Септември 2020 година, изработен од Урбан Гис д.о.о.Куманово од Куманово, ќе се одржи на ден 07.10.2020 година со почеток во 12 00 часот во салата на советот на општина Кратово.
Јавна анкета по предлог детален урбанистички план за дел од УЕ ”2” дел од блок 4 и блок 7-Кратово, со тех.бр.У-03/19 од Септември 2020 година, изработен од Урбан Гис д.о.о.Куманово од Куманово, ќе трае 10 работни дена во електронска и во писмена форма, секој работен ден од 730 до 1530 часот во просториите на Одделението за урбанизам,комунални работи заштита на животната средина и лер при општина Кратово во период од 05.10.2020 година до 19.10.2020 година, во кој период заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови кои можат да ги подигнат од просториите на Оделението и од web страната на општина Кратово www.opstinakratovo.gov.mk,или во електронска форма преку информацискиот систем e-urbanizam.
Графичкиот прилог од предлог детален урбанистички план за дел од УЕ “2” дел од блок 4 и блок 7-Кратово, ќе биде изложен на огласна табла во зградата на општина Кратово, во информацискиот систем e-urbanizam и на web страната на општина Кратово,а подетални информации во врска со деталниот урбанистичкиот план може да се добијат во Одделението за урбанизам комунални работи заштита на животната средина и лер при општина Кратово.