Работна средба за донесување на финални одлуки за воспоставување на првото меѓуопштинско јавно претпријатие за управување со комунален отпад

Деновиве ќе се одржи работна средба за донесување на финални одлуки за воспоставување на првото меѓуопштинско јавно претпријатие за управување со комунален отпад (,,Заедничко јавно претпријатие за регионално управување со отпад ДЕПОНИЈА МЕЧКУЕВЦИ“ Свети Николе сo седиште во општина Свети Николе).

Од Министерството за животна средина и просторно планирање информираат дека е поднесена ревидинирана ИПА Апликација за избор на компанија кој ќе го гради регионалниот центар (депонија и претоварни станици) до ЕУ Делегација на 18.08.2020 година и истата е доставена во Брисел на одобрување. Ревидирано тендерско досие се очекува да се достави до март 2021 година, а Договорот со најповолниот понудувач да се потпише во октомври 2021 година, со што ќе започне всушност и изградбата. Услов од Брисел е да се воспостави претпријатието бидејќи всушност тоа е крајниот корисник. Од овие причини, што поскоро треба да се донесе конечна одлука за формирање на претпријатието.

Во моментов се завршуваат активностите околу доставата на возилата за собирање и транспорт на отпад до сите 18 општини. Возилата се веќе доставени до општините и се работи на комплетирање на документите за финално прифаќање на истите. Откако ќе се регистрираат возилата веднаш ќе бидат ставени во употреба. Исто така, во завршна фаза е избор за најповолен понудувачза набавка на контејнери за сите 18 општини (3923 контејнери).

118694298_2962103470562053_6625281928668701639_n

Постапката за избор на компании кои треба да вршат чистење и затворање на нестандардните депонии и ѓубришта е завршена и избрани се две компании (една ќе работи во Северосточниот, друга во Источниот регион). Во моментов тече постапка за избор на компанија која ќе го врши надзорот надработите и по завршување на постапката ќе започнат да се изведуваат работите натерен (почетокот на 2021 година).

facebooktwittergoogle_pluslinkedin