Соопштение за организирање на Јавна презентација и Јавна анкета

Врз основа на член 35 став 3 од Законот за Просторно и урбанистичко планирање (Сл.весник на Р.М. бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), Градоначалникот на општина Кратово го дава следното

С О О П Ш Т Е Н И Е

Се известуваат физичките и правните лица од конкретното подрачје опфатено со Архитектонско урбанистички Проект за промена на границата на градежната парцела од ДУП за дел од УЕ 2 дел од блок 8-а Кратово, со намена А1-домување во станбени куќи, на к.п.бр.45/1, 44, 66, 1417/1 за КО Кратово со тех.бр.У-26/20 од Октомври 2020 година, изработен од Урбан гис д.о.о.Куманово од Куманово, како и субјектите кои ги вршат работите од областа на заштита на животната средина, заштита на културното наследство, заштитата и спасувањето, здравствената заштита, социјалната заштита, образованието, земјоделието, водостопанството, транспортот и врските, воздухоплоството, безбедноста, јавните патишта и субјектите надлежни за изгрдба и одржување на сообраќајна, водоводна, канализациона, електроенергетска, телекомуникациска и гасоводна инфраструктура, дека Градоначалникот на општина Кратово донесе Одлука за организирање

ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА

за Архитектонско урбанистички проект за промена на границата на градежната парцела од ДУП за дел од УЕ 2 дел од блок 8-а-Кратово, со намена А1-домување во станбени куќи,на к.п.бр.45/1, 44, 66, 1417/1 за КО Кратово со тех.бр.У-26/20 од Октомври 2020 година, изработен од Урбан гис д.о.о.Куманово од Куманово

Границата на планскиот опфат на Архитектонско урбанистички Проект е прикажана со испрекината црвена линија во графички дел на планот.

Вкупната површина на планскиот опфат изнесува 0,08ха.

Соопштението за организирање на јавна презентација и јавна анкета е објавено во јавните гласила и во информацискиот систем е-урбанизам.

Јавната презентација со стручно презентирање на предлог Архитектонско урбанистички Проект, со тех.бр.У-26/20 од Октомври 2020 година, изработен од Урбан гис д.о.о.Куманово од Куманово, ќе се одржи на ден 11.11.2020 година со почеток во 12 00 часот во салата на советот на општина Кратово.

Јавна анкета по предлог Архитектонско урбанистички Проект ,со тех.бр.У-26/20 од Октомври 2020 година, изработен од Урбан гис д.о.о.Куманово од Куманово, ќе трае 5 работни дена  во електронска и во писмена форма, секој работен ден од 730 до 1530 часот во просториите на Одделението за урбанизам, комунални работи заштита на животната средина и лер при општина Кратово во период од 09.11.2020 година до 13.11.2020 година, во кој период заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови кои можат да ги подигнат од просториите на Оделението и од web страната на општина Кратово www.opstinakratovo.gov.mk, или во електронска форма преку информацискиот систем e-urbanizam.

Графичкиот прилог од предлог Архитектонско урбанистички Проект, ќе биде изложен на огласна табла во зградата на општина Кратово, во информацискиот систем e-urbanizam и на web страната на општина Кратово, а подетални информации во врска со Архитектонско урбанистички може да се добијат во Одделението за урбанизам комунални работи заштита на животната средина и лер при општина Кратово.

                                                                                                 Градоначалник

                                                                                            д-р.Љупчо Бојаџиев

 

Анкетен лист

АУП графички приказ

Известување до институции

Соопштение

 

Scroll to Top