ИЗВЕСТУВАЊЕ 14 октомври

Општина Кратово – Одделение за урбанизам, комунални работи,заштита на животната средина и ЛЕР ги известува сите граѓани на Општина Кратово кои имаат поднесено барање за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти(ЛЕГАЛИЗАЦИЈА) во законски предвидениот рок од 03-ти март до 3-ти септември 2011 година, а со барањето не доставиле Геодетски елаборат за утврдување на фактичката состојба на бесправниот објект од приватен катастар, тоа да го сторат навреме, бидејќи крајниот рок за доставување на геодетски елаборат е 31 – ви Декември 2015 година.

Доколку не се достави геодетскиот елаборат надлежниот орган ќе го одбие барањето за утврдување на правен статус на бесправни објекти.

Општина Кратово

Одделение за урбанизам, комунални работи,

заштита на животната средина и ЛЕР

facebooktwittergoogle_pluslinkedin