Посета на првоодделенчињата во Локалната самоуправа по повод Недела на децата

По повод Недела на децата (од 5-ти до 9-ти Октомври), во посета на општина Кратово беа учениците од прво одделение од ООУ„Кочо Рацин“ заедно со своите учителки, кои беа запознаени со начинот на работата и функционирањето на локалната самоуправа во нашиот град.

Денес со чест и задоволство првоодделенчињата ги пречека Градоначалникот г-дин Мите Андоновски кој ја претстави хиерархиската поставеност на локалната самоуправа, задачите и обврските на вработените, а тие беа горди и задоволни и раскажаа за она што до сега го научиле на училиште а секако и испеаја по некоја песничка.

facebooktwittergoogle_pluslinkedin