РЕШЕНИЕ за свикување на 53-та седница на советот на општина Кратово

Ја свикувам 53 седница на Советот на општина Кратово која ќе се оддржи на ден 24.12.2020 година (четврток) во салата за седници на Советот на општина Кратово со почеток во 11 часот. За седницата го предлагам следниот:

ДНЕВЕН РЕД

Предлог-Записник од 52-та седница на Советот на општина Кратово одржана на ден 12.11.2020 година;

1. Предлог – Одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на општина Кратово за 2020 година;
2.Предлог – Буџет на општина Кратово за 2021 година;

3. Предлог-Одлука за извршување на Буџетот на општина Кратово за 2021 година;

4. Предлог-Одлука за основање на заедничко јавно претпријатие за регионално управување со отпад;

5. Годишна програма со Предлог-Одлука за усвојување на Годишна програма за уредување на градежно земјиште и изградба на објекти за комунална инфраструктура во Општина Кратово за 2021 година;

6. Годишна програма со Предлог-Одлука за усвојување на Годишна програма за изработка на урбанистички планови на Општина Кратово за 2021 година;

7. Годишна програма со Предлог-Одлука за усвојување на Годишна програма за работа и развој на ЈОУ Дом на култура „Лазар Софијанов“ Кратово за 2021 година;
8. Предлог-Одлука за давање согласност за примена на Одлуката за исплата на надоместок за членови на Управен одбор во ЈОУ Дом на култура „Лазар Софијанов“ Кратово;

9. Финансиски извештај со Предлог-Одлука за усвојување на Финансиски извештај за период 01.01.2020 до 31.03.2020 година на ЈКП „Кратово“;

10. Финансиски извештај со Предлог-Одлука за усвојување на Финансиски извештај за период 01.01.2020 до 30.06.2020 година на ЈКП „Кратово“;

11.Финансиски извештај со Предлог-Одлука за усвојување на Финансиски извештај за период 01.01.2020 до 30.09.2020 година на ЈКП „Кратово“;

12. Предлог-Решение за разрешување на членови на Училишниот одбор на СОУ „Митко Пенџуклиски“ Кратово;

13. Предлог-Решение за именување на членови на Училишниот одбор на СОУ „Митко Пенџуклиски“ Кратово;

14. Предлог-Решение за константирање престанок на мандат на член на Управен одбор на ЈОУДГ „Царка Андреевска“ Кратово;

15. Предлог-Решение за именување на член на Управен одбор на ЈОУДГ „Царка Андреевска“ Кратово;

16. Предлог-Решение за именување на Решението за формирање на Комисија за изработка на Предлог – Програма за работа на Советот на општина Кратово;

17. Предлог-Одлука за изменување на Одлуката за формирање на комисии, одбори и други работни тела на Советот на општина Кратово, и

18. Прашања и предлози.

На седницата е поканет и Градоначалникот на општина Кратово и раководителите на јавни претпријатија, установи и органи на управата на локалната самоуправа одговорни за својата работа пред Советот на општина Кратово.

Претседател на Совет на општина Кратово

Слободан Постолов
facebooktwittergoogle_pluslinkedin