Општина Кратово аплицираше со Проект за реконструкција на локален пат: пристапен пат до Здравствен дом Кратово. Проектот и реализацијата на проектните градежни активности ќе имаат позитивно влијание врз општината, особено во подобрување на економијата на заедницата, животната средина и социјалните аспекти. При финансирање на инфраструктурните проекти од странски донатори, како што е овој случај (Светска Банка), пред започнување на градежните работи се воспоставува процедура и Механизам за жалби и поплаки, кој им овозможува на засегнатите лица да поднесат жалби и поплаки во врска со директни и индиректни влијанија од Проектот, без надомест и со гаранција за навремено и задолжително решавање на жалбите и поплаките.
Процедурата и Механизмот за жалби и поплаки треба да бидат започнати во случај на повреда на правата на сопственост или нивно загрозување од аспект на безбедноста во сообраќајот, нарушување на кодексот на однесување на ангажираните работници кон локалното население или појава на одредени негативни влијанија врз медиумите на животната средина.
Постапката за активирање на Механизмот за жалби и поплаки е преку пополнување на печатен образец кој треба да биде достапен во сите јавни објекти каде се движи локалното население (огласни табли на општината, објекти на месни заедници, канцеларии на Надзорниот орган и канцеларии на Изведувачот), како и на веб страната на Општина Кратово.
Поплаките може да се пополнат усно преку телефон, во писмена форма (по пошта или e-mail) или со пополнување на Образецот за жалби и поплаки.
Формуларот за поплаки можете да го превземете ТУКА
Контакт лице од Единица за Имплементација на Проектот
Г-ѓа Сашка Богданова Ајцева
Консултант за животна средина и социјални аспекти
Тел: + 389 (2) 3145 531
Е-пошта: saska.bogdanova.ajceva.piu@mtc.gov.mk
Адреса: Министертсво за транспорт и врски-Единица за Имплементација на Проект
Ул. “ДамеГруев” бр. 6
1000 Скопје
Република Северна Македонија
web: http://mtc.gov.mk/proekt%20za%20loklani%20patista%20lrcp
Контакт лице од општина
Горјан Бошковски
Тел: +389 (31) 481 202 моб. + 389 71 717 518
e-mail: contact.kratovo@gmail.com
Адреса: Општина Кратово, Плоштад Маршал Тито бб 1360 Кратово
Република Северна Македонија
web: http://www.opstinakratovo.gov.mk/
Контакт лице како Претставник на граѓаните
Ранко Арсов
тел. +389 71 259 050