Сертификати за негуватели според посебната програма за образование на возрасни

Согласно реализацијата на програмата на ОКР како и потребата за задолжителна обука за давателите на услуги кои се ангажирани од страна на нашата општина, а кои се немаат стекнато со соодветен сертификат или уверение за стекнати вештини/компетенции за занимања, на позицијата Нега за стари лица по успешно спроведената обука од страна на Полиопроект Штип, сертифакти зедоа уште 5 ангажирани лица.

Проектот насловен како „Почуствувај топлина“ започна во месец септември 2020 со 9 (девет) негуватели кои во домовите на стари и изнемоштени лица даваат услуга и помош, од кои 4 лица сертификатот го веќе поседуваат од претходните години, а останатите лица следеа обука во месеците октомври и ноември од страна на спроведувачот на обуката и по успешно реализираната се стекнаа со сертфикат за самостојно извршување на работните задачи: помош во извршување на дневните активности, примена на медицински принципи во дневните активности, спроведување на правна заштита, психолошка и социјална помош.

Активностите на негувателите за стари и немоќни лица вклучени во проектот завршуваат во месец март.

142130192_2289209937890242_7798068223234415948_n

facebooktwittergoogle_pluslinkedin