Општина Кратово се вклучи во акцијата Македонија без отпад

2Општина Кратово активно се вклучи во спроведување на проектот “Македонија без отпад“ кој беше спроведен во сабота на 3-ти Октомври од 11 часот.
Тој ден беа ангажирани лица од локалната самоуправа на општина Кратово, ученици од ООУ „Кочо Рацин“, претставници од РЦУК – Кратово како и волонтери од Регионалниот Центар за одржлив развој – Кратово кои беа распоредени на три локации во градот: парк „Карши бавча“, речно корито на Кратовска река и локалитет околу Здравствен дом Кратово.

Шутот и отпадот се транспортираат со возило од комуналното претпријатие Силком ДООЕЛ Кратово.
Со акцијата се намалуваат количините на несоодветно депониран отпад, акцијата е во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање и асоцијацијата „Ајде Македонија“.

facebooktwittergoogle_pluslinkedin