ЈАВЕН ПОВИК за предлагање на кандидати за избор на членови на Совет на млади на Општина Кратово

Врз основа на член 46-а од Статутот на Општина Кратово („Службен гласник на Општина Кратово“ бр. 09-1211/1 од 25.07.2019 година) и член 3 став 4 од Одлуката за основање на Совет на млади на општина Кратово („Службен гласник на Општина Кратово“ бр.10/2014) и член 1 од Одлуката за давање согласност за распишување Јавен повик за предлагање на кандидати за избор на членови на Совет на млади на Општина Кратово (Локален младински совет) („Службен гласник на Општина Кратово“ бр.09-280/1 од 23.02.2021 година), Советот на Општина Кратово објавува

 ЈАВЕН ПОВИК

за предлагање на кандидати за избор на членови на Совет на млади на Општина Кратово

 

  1. Покренување на постапка

Се покренува постапка за избор на членови на Советот на млади на Општина Кратово.

Советот на млади на Општина Кратово е советодавно тело на Советот на Општина Кратово, основано заради подобрување на положбата и решавање на проблемите во град Кратово.

Во Советот на млади на Општина Кратово можат да бидат бирани млади со постојано место на живеење на територијата на град Кратово и со старосна граница од 15 до 30 години.

 

  1. Број на членови

Советот на млади на Општина Кратово брои 5 членови.

Советот на млади од своите редови избира претседател и заменик претседател.

Членовите на Советот на млади на Општина Кратово се бираат со мандат од две (2) години.

 

  1. Предлагање на кандидати

Право на предлагање на кандидати за членови во Советот на млади имаат: Здруженија на граѓани, Здруженија на млади, ученички совети, студенски совети и други регистрирани облици на организирање на младите.

 

  1. Потребни документи

При предлагање на кандидатите се поднесуваат следните документи кои се во прилог на овој јавен повик:

  • СМ-1 (Образец – предлог кандидат за член на Совет на млади на Општина Кратово)Кратово образец 1
  • СМ-2 (Образец – Согласност за прифаќање на кандидатура за член на Советот) Кратово образец 2
  • СМ-3 (Образец – Согласност дека кандидатот за член на Советот е предложен согласно актите на институцијата) Кратово образец 3 docx

Документите мора да бидат потпишани и заверени од страна на овластено лице на институцијата која го предлага членот.

Предлагачот е должен покрај наведените документи во точка 4 да приложи и:

  • Документација од која е видливо дека кандидатите ги исполнуваат условите од точка 1 од овој јавен повик (Извод од матична книга на родените или фотокопија од лична карта)
  • Кратка биографија на кандидатот
  • Фотокопија од регистрација на здружението

Некомплетни ненавремено доставени документи нема да се разгледуваат.

 

  1. Рок на поднесување

Рокот за поднесување на предлози за кандидат за членови на Совет на млади на Општина Кратово е 8 дена од објавувањето на овој јавен повик, вклучувајќи го и денот на објавата на овој јавен повик на Веб-страната на Општина Кратово.

Потребните обрасци од точка 4 можат да се подигнат од Архивата при Општина Кратово или од веб страната на општината www.opstinakratovo.gov.mk

 

  1. Доставување на предлози

Предлозите за кандидати за членови на Советот на млади на Општина Кратово се доставуваат во архивата на Општина Кратово, во затворен плик со назнака До Совет на општина Кратово – Комисија за прашања на верификација, избори и именувања „Предлог кандидат за избор на членови на Советот на млади на Општина Кратово“, на адреса: Плоштад Маршал Тито бб Кратово.

 

Совет наОпштина Кратово

Комисија за прашања на верификација, избори и именувања

Плоштад Маршал Тито бб 1360 Кратово

facebooktwittergoogle_pluslinkedin