С О О П Ш Т Е Н И Е за организирање на Повторна Јавна презентација и Јавна анкета по предлог Урбанистички план за село Железница


Врз основа на член 35 став 3 од Законот за Просторно и урбанистичко планирање (Сл.весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18) и донесената Годишна програма за изработка на урбанистички планови на општина Кратово за 2021 година, донесена со Одлука бр.09-1337/2 од 24.12.2020 година од страна на Советот на општина Кратово, Градоначалникот на општина Кратово го дава следното

С О О П Ш Т Е Н И Е

за организирање на Повторна Јавна презентација и Јавна анкета по предлог Урбанистички план за село Железница

Се известуваат граѓаните на општина Кратово дека се организира Повторна Јавна презентација и Јавна анкета по предлог Урбанистички план за село Железница, со тех.бр.ПУ-085-05/16/1 од Јануари 2021 година, изработен од ГЕИНГ Кребс унд Кифер Интернешнл и др од Скопје.

Границата на планскиот опфат на Урбанистички план за село Железница, општина Кратово е прикажана со испрекината црвена линија во графички дел на планот.

Вкупната површина на планскиот опфат изнесува 59,54ха.

Јавната презентација со стручно презентирање на предлог Урбанистички план за село Железница, со тех.бр.ПУ-085-05/16/1 од Јануари 2021 година, изработен од ГЕИНГ Кребс унд Кифер Интернешнл и др од Скопје, ќе се одржи на ден 05.04.2021 година со почеток во 12 00 часот во салата на советот на општина Кратово.

Јавна анкета по предлог Урбанистички план за село Железница,со тех.бр.ПУ-085-05/16/1 од Јануари 2021 година, изработен од ГЕИНГ Кребс унд Кифер Интернешнл и др од Скопје, ќе трае 5 работни дена и во електронска и во писмена форма, секој работен ден од 730 до 1530 часот во просториите на Одделението за урбанизам, комунални работи заштита на животната средина и лер при општина Кратово во период од 01.04.2021 година до 07.04.2021 година во кој период заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени забелешки,предлози и мислења на анкетните листови кои можат да ги подигнат од просториите на Оделението и од web страната на општина Кратово www.opstinakratovo.gov.mk или во електронска форма преку информацискиот систем e-urbanizam. Во прилог на анкетните листови да се достави копие од катастарски план и имотен лист за парцелата за која се доставува забелешката.

Графичкиот прилог од предлог Урбанистички план за село Железница ќе биде изложен на огласна табла во зградата на општина Кратово во информацискиот систем e-urbanizam и на web страната на општина Кратово, а подетални информации во врска со Урбанистичкиот план за село Железница може да се добијат во Одделението за урбанизам комунални работи заштита на животната средина и лер при општина Кратово.

                                                                                                                                                                                                                   Градоначалник

                                                                                                                                                                                                    д-р Љупчо Бојаџиев

Графички прилог УПС Железница

Соопштение

Anketen list-UPS Zeleznica

Известување до институции

facebooktwittergoogle_pluslinkedin