Ја свикувам 59 седница на Советот на општина Кратово која ќе се оддржи на ден 29.04.2021 година (четврток) во салата на Музеј на град Кратово со почеток во 11 часот . За седницата го предлагам следниот:
ДНЕВЕН РЕД
Предлог-Записник од 58-та седница на Советот на општина Кратово одржана на ден 31.03.2021 година;
- Квартален извештај со Предлог-Одлука за усвојување на Квартален извештај за извршување на буџетот на Општина Кратово за првиот квартал од 2021 година;
- Предлог-Одлука за обезбедување на финанасиски средства за поддршчка на Проект од Програмата за рамномерен регионален развој за 2021 година;
- Предлог-Одлука за поддршка и давање на приоритет на проекти;
- Предлог-Одлука за утврдување на предлогот за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Кратово и Општина Крива Паланка;
- Годишен извештај со Предлог-Одлука за усвојување на Годишен извештај за работа со Годишен финансиски извештај и Завршна (Годишна) сметка на Центарот за развој на СИПР за 2020 година;
- Годишен извештај со Предлог-Одлука за усвојување на Годишен извештај за спроведување на Програмата за развој на СИПР за 2020 година;
- Извештај со Предлог-Одлука за усвојување на Извештај за работење на ЗЈП „Еко Зона“ за 2020 година;
- Завршна (годишна) сметка со Предлог-Одлука за усвојување на завршна (годишната) сметка на ЈПКДИ „Кратово“ од Кратово за 2020 година;
- Предлог-Одлука за усвојување на Финансиски извештај за период од 01.01.2021 до 31.03.2021 година ЈПКДИ „Кратово“ од Кратово;
- Предлог-Одлука за изменување и дополнување на Статутот на Општина Кратово;
- Предлог-Одлука за доделување на помош од Буџетот на Општина Кратово;
- Предлог-Решение за констатирање престанок на мандат на член на Надзорниот одбор за контрола на материјално-финансиско работење на ЈПКДИ „Кратово“ – Кратово;
- Предлог-Решение за именување на член на Надзорниот одбор за контрола на материјално-финансиско работење на ЈПКДИ „Кратово“ Кратово;
- Прашања и предлози.
На седницата е поканет Градоначалникот на општина Кратово и раководителите на јавни претпријатија, установи и органи на управата на локалната самоуправа одговорни за својата работа пред Советот на општина Кратово.
Претседател на Совет на општина Кратово
Слободан Постолов