Решение за свикување на 60-та седница на Совет на општина Кратово

Ја свикувам 60 седница на Советот на општина Кратово која ќе се оддржи на ден 28.05.2021 година (петок) во салата на Музеј на град Кратово со почеток во 12 часот. За седницата го предлагам следниот:

ДНЕВЕН РЕД

Предлог-Записник од 59-та седница на Советот на општина Кратово одржана на ден 29.04.2021 година;Предлог-Одлука за обезбедување на финанасиски средства за поддршчка на Проект од Програмата за рамномерен регионален развој за 2021 година;

  1. Предлог-Одлука за намера за реализација на проект со заем од Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор (ПСЕЕП) и овластување за потпишување на Иницијален договор;
  2. Правилник со Предлог-Одлука за давање согласност на Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места во СОУ „Митко Пенџуклиски“ Кратово;
  3. Предлог-Одлука за доделување на помош од Буџетот на Општина Кратово;
  4. Завршна (годишна) сметка со Предлог-Одлука за усвојување на завршна (годишната) сметка на ЈПКДИ „Кратово“ од Кратово за 2020 година;
  5. Прашања и предлози.

На седницата е поканет Градоначалникот на општина Кратово и раководителите на јавни претпријатија, установи и органи на управата на локалната самоуправа одговорни за својата работа пред Советот на општина Кратово.

Претседател на Совет на општина Кратово

Слободан Постолов
Scroll to Top