ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ – АВИОНСКО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ – АВИОНСКО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ

Општина Кратово Ве информира дека на ден 23.06.2021 година (среда) со почеток од 05.00 часот до 08.00 часот ќе се спроведе авионско третирање против комарци за 2021 година на територијата на општина Кратово.

Се известуваат пчеларите дека во времето на третирање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците-сандаците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства, а во случај на врнежи, прскањето ќе биде одложено за наредниот ден.

Со третирањето ќе биде опфатено течението на Кратовска река од с.Кетеново нагоре и целото градско подрачје.

Соопштение

Scroll to Top