Решение за свикување на 61-ва седница на Совет на општина Кратово

Ја свикувам 61 седница на Советот на општина Кратово која ќе се оддржи на ден 30.06.2021 година (среда) во салата на Музеј на град Кратово со почеток во 11 часот. За седницата го предлагам следниот:

ДНЕВЕН РЕД

Предлог-Записник од 60-та седница на Советот на општина Кратово одржана на ден 28.05.2021 година;

  1. Предлог-Буџетски календар за донесување на Буџетот на Општина Кратово за 2022 година;
  2. Предлог-Одлука за намера за реализација н апроект со заем од Проектто за енергетска ефикасност во јавниот сектор (ПСЕЕП) и овластување за потпишување на Иницијален договор;
  3. Предлог-Одлука за престанување со работа и спроведување на ликвидација, промена на назив и фирма, промена на скратен назив на фирма и назначување на ликвидатор на Заедничкото јавно претпријатие за управување со отпад во Североисточниот плански регион ЕКО-ЗОНА Куманово;
  4. Правилник со Предлог-Одлука за давање согласност на Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места во СОУ „Митко Пенџуклиски“ Кратово;
  5. Предлог-Одлука за доделување на помош од буџетот на општина Кратово;
  6. Предлог-Решение за констатирање престанок на мандат на член на Управниот одбор на ЈОУ Дом на култура „Лазар Софијанов“ Кратово;
  7. Предлог-Решение за именување на член на Управниот одбор на ЈОУ Дом на култура „Лазар Софијанов“ Кратово
  8. Прашања и предлози.

На седницата е поканет Градоначалникот на општина Кратово и раководителите на јавни претпријатија, установи и органи на управата на локалната самоуправа одговорни за својата работа пред Советот на општина Кратово.

Претседател на Совет на општина Кратово

Слободан Постолов

facebooktwittergoogle_pluslinkedin

Scroll to Top