Промовирана Локалната Младинска Стратегија на град Кратово

Локалниот Младински Совет на општина Кратово денеска во просториите на СОУ „Митко Пенџуклиски“ ја промовираше Локалната младинската стратегија за град Кратово 2015-2020, на која интезивно работеше изминатиот период.

Овој настан беше организиран од Локалниот совет на млади на Кратово и Општина Кратово со поддршка од Регионалниот центар за одржлив развој – Кратово и со претставници од ОО „Црвен Крст“ Кратово.

На настанот пред учениците на СОУ „Митко Пенџуклиски“ беше претставена и структурата на Советот како и начинот на формирањето на Локалниот Младински Совет на Општина Кратово, досегашните активности и работењето на советот.

Промоцијата на стратегијата беше водена од страна на претседателот на ЛМС Даниела Тодосова која воедно го претстави креирањето на ЛМС односно ја објасни врската меѓу младите и општината, дека младите треба да бидат активни и моќни иницијатори кои ќе влијаат на одлуките на Локалната самоуправа во насока на остварување на своите интереси.

Се презентираат и 5-те стратегиски приоритети: образование, култура, односи со локалната самоуправа, младинско вработување и спорт како и Акцискиот план за период од 2015-2016 година.

– Секогаш кога младите ќе имаат проблем кој е поврзан со нив ќе треба да се обратат до ЛМС, а подоцна ЛМС ќе се обрати до општината со проблемот кој ги засега младите.

facebooktwittergoogle_pluslinkedin