КРИМ АЛИЈАНСА ЗА ЈПП ДОНИРАШЕ ПРОЕКТНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ИЗГРАДБА НА ФОТОНАПОНСКА ЕЛЕКТРОЦЕНТРАЛА

Денес 08.07.2021 година (четврток) C.R.E.A.M – Алијанса за ЈПП – Заедница за реализација на Европската помош во просториите на Општина Кратово донираше Проектна документација за изградба на Фотонапонска Електроцентрала каде што носител на проектот е на Општина Кратово.

Тоа претставува нов начин за искористување на инвестициските потенцијали на Северена Македонија. Овој модел можеби е единствена шанса на С.Македонија да ја изгради инфраструктурата. Моделот односно програмот не бара голема финансиска интервенција на општината и нејзино задолжување.

Градоначалникот д-р Љупчо Бојаџиев изјави: Извонреден пример како треба да се искористуваат сите инвестициски фондови. Нашата идеја како пилот проект и носители на проектот за изградба на фотонапонска електроцентрала како прв иницијатор во С.Р.Македонија треба да послужи како пример за развој на локалните самоуправи.

Зоран Лазаревски координатор на C.R.E.A.M – Алијанса за ЈПП,

изјави: Можност да ја изградиме СР Македонија преку Јавно Приватно Партнерство, главна цел за донацијата на оваа проектна документација за реализација на инфраструктурниот проект во општина Кратово е да го убрза развојот преку ЈПП на Општина Кратово. Овој модел во светот се карактеризира „помош за самопомош“, а тоа значи мобилизирање на приватниот капитал на јавниот сектор.

08.07.2021 год.

Кратово

Scroll to Top