С О О П Ш Т Е Н И Е
Општина Кратово Ве информира дека на ден: 15.07.2021 (четврток) со почеток од 5.00 часот до 8.00 часот ќе се спроведе второто авионско третирање против комарци во 2021 година.
Со третирањето ќе биде опфатено течението на Кратовска и Крива река и целото градско подрачје.
Се известуваат пчеларите во времето на третирање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците-сандаците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.
Во случај на врнежи , прскањето ќе биде одложено за наредниот ден.